Make your own free website on Tripod.com
Михаил Чаков

Роден е во 1873 година во Гуменџе, Ениџевардарско. Рано влегол во редовите на Организацијата. Потоа станал војвода во Поројскиот реон (Серски округ) и еден од приврзаниците на Г. Делчев. Дејствувал во Петричко, Драмско, Серско, Кумановско и Велешко. Во времето кога Гоце се наоѓал на овој терен, Чаков бил во четата на Г. Делчев во борбите кај Баница (Серско), на 4 мај 1903 година.

Чаков работел на јакнење на Организацијата и на чистење на неговиот реон од завојувачките четнички и пропагандни дејства на соседните балканаски држави. Учествувал и во многу битки против турскиот аскер, како и во онаа во која се настојувало да бидат спасени опкружените македонски револуционери на Ножот.

Умрел во Софија, 1938 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик