Михаил Апостолов Попето

Роден е во 1871 година во с. Дикања, Радомирско. По потекло е од Горноџумајско. Во 1895 година влегува во редовите на ТМОРО. Дејствувал како агитатор и организатор на борбата низ Серско, Демирхисарско, Поројско, Кукушко, Солунско, Гевгелиско, Струмичко, Воденско, Малешевско, Пијанечко и Горноџумајско.

Попето е еден од првите војводи на агитационо-организациски вооружени чети во Серско, Гевгелиско и Ениџевардарско.

Загинал во судир со турска војска до с. Гаваљанци, Кукушко, на 3 април 1903 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик