Роден е во Балчик, Бугарија, во 1881 година. Образованието го стекнува во Варненската гимназија. Во 1900 година пристапува во четата на Х.Чернопеев. Во 1903 година е во четата на М.Герџиков. Делегат е на конгресот на Одринскиот револуционерен округ.
За време на Илинденското востание учествува со своја чета во Одринско.
Во јуни 1905 година, на конгресот на Серскиот револуционерен округ, М.Даев е назначен за војвода во Драмско.
Убиен е на 28 октомври 1907 година во с.Либјахово, Неврокопско по заповед на Ј.Сандански. |