Михаил Герџиков

Бугарин по народност, роден во Пловдив на 26 јануари 1877 г. Учел во францускиот пансион во Пловдив, после во бугарските гимназии во Пловдив и Сливен. Продолжил високо школска установа во Швајцарија. Во учебната 1899/1900 год. под името Луканов, бил учител во Битолската гимназија. Во октомври 1900 год. е четник во четата на Х. Чернопеев, а потоа и војвода на агитациона чета во Кукушко. Пред востанието во 1903 г. бил назначен за главен одрински војвода, а во текот на востанието е назначен за член на врховното боево тело, кое што ги раководи дејствијата во Одринско (Преображенското востание).

По Првата светска војна бил избран за член на Времената македонска влада во Бугарија.

Почина во Софија во 1947 г.

<< Претходна | Следна>> | Именик