Роден е во с. Кономлади, Костурско, во 1873 година. Бил селски овчар, но се издигнал до свесен револуционер и добро се описменил во четите на Организацијата. Тој бил еден од најпреданите и најомилените борци од влашко потекло.
Учествува на Смилевскиот конгрес на ВМОРО на кој е донесена одлука за кревање на востание.
Во Илинденското востание бил раководител на реонот Корешта, Костурско. Во борбите со турскиот аскер бил бестрашен. Во една таква борба бил тешко ранет и само благодарејќи на големата љубов на народот кон него, ги преживеал и тешките рани и тешката зима.
На 22 февруари 1907 година, кај с. Сливени, Костурско, четата на М.Влаот е предадена и во тешка борба со турскиот аскер тој е тешко ранет по што се самоубива. |