Милан Ѓурликов

Роден е во с. Кривогаштани, Прилепско. Основно и гимназија завршил во Прилеп. Четникувал во четата на Г.Наумов, а за време на Илинденското востание во четата на Питу Гули. По востанието четникува во четата на П. Ацев. Од 1904 година до 1908 година е војвода во Крушевско.

Во Балканските и првата светска војна учествува во редовите на бугарската армија. После војните станува Светиниколски војвода.

Убиен е 1945 година во Прилепско од страна на комунистичката власт.

<< Претходна | Следна>> | Именик