Make your own free website on Tripod.com
Никола Киров - Мајски

Неговиот прадедо во Крушево се доселил од с. Свињишта, Охридско. Роден е во Крушево на 28 јуни (с.с.) 1880 година. Основното образование го завршил во родниот град, а гимназија учел во Битола, каде после ученичкиот бунт во 1898 год. против егзарсиската администрација и против владиката Григориј, заедно со други 17 ученици е исклучен. Потоа гимназијата ја завршил во Солун, па му се посвети на учителствувањето. Во сите места се среќавал со видни личности на ВМРО и како хроничар ја бележел сета нивна активност и настаните во Македонија.

Илинденското востание го затекна во родното Крушево, во кое зел активно учество и бил еден од блиските соработници на Н.Карев. По востанието бил раководител на ВМРО во градот. Ифтиман (Бугарија), Дебар, Голо Брдо и Корча.

По Втората балканска војна своето семејство го префрлил во Бугарија. Потоа завршил правни науки во Софија и работел како учител, па како финансиски службеник а потоа се занимавал и со други дејности.

Оставил доста историски трудови, како: „Со поглед кон Македонија“, „Крушево и неговите борби за слобода“, „Епопејата на Крушево“, „Светлина кон темнината“ и други. Познат е и како драмски писател и поет.

Умрел во 1962 година. 

<< Претходна | Следна>> | Именик