Make your own free website on Tripod.com
Никола Каранџулов

Роден е во Прилеп во 1880 година. Завршил Педагошко училиште во Загреб. Повеќе години учителствувал во родниот град и во други места во Македонија.

Во 1898 година му пристапил на Револуционерната организација. Во 1902 година бил затворен од турската власт (во Битолскиот затвор). Од затворот успеал да избега. Станал војвода на чета и инструктор-ревизор на чети во Прилепско. Учесник на Прилепскиот конгрес 1904 година.

На 28 јули 1904 година неговата чета била откриена од Турците во околината на с. Селце, Прилепско, во месноста „Црвена Стена“. Се развила повеќечасовна нерамна борба во која, покрај другите, загинал и војводата Н. Каранџулов.

<< Претходна | Следна>> | Именик