Никола Карев

Роден е во 1878 година во Крушево. Како млад печалбарски работник, извесно време живеел и работел во Софија. По враќањето ја завршил гимназијата во Битола и станал учител. Како учител и организатор на револуционерното дело работел во Крушево. Бил учесник на Смилевскиот конгрес, како делегат на Крушевскиот реон.

Во Крушевското востание бил началник на Штабот на Крушевските востаници, идеолог и организатор на десетдневната Крушевска Република. По задушувањето на Востанието илегално преминал во Србија, а потоа во Бугарија.

Во 1905 година со организирана чета тргнал за Македонија. На пат за Крушевско, на 27 април 1905 година, опсаден од турска војска во Кочанско (кај селото Рајчани) загинува Никола Карев, претседателот на Крушевската Република.

 

<< Претходна | Следна>> | Именик