Make your own free website on Tripod.com
Никола Пушкаров

Роден е во гратчето Пирдоп, Софиско, во 1874 година. Пред 1903 година кратко време бил професор во Скопската егзархиска гимназија. Во 1902 година бил испратен од Г. Делчев во Скопје со задача да го револуционизира и омасови движењето во Скопскиот округ.

За време на Илинденското востание бил началник на востаничките сили во Скопскиот округ. По Востанието се повлекол во Бугарија и се посветил на научна работа. Во 1919 година им се придружил на Ѓ. Петров и Д.Х.Димов и пишувал за посебноста на македонската нација.

Н. Пушкаров до крајот на својот живот (Софија, 1943 год.) останал приврзаник на Македонското револуционерно ослободително движење. 

<< Претходна | Следна>> | Именик