Отец Чупаров (Иван Аврамов)

Свештеникот Чупаров е еден од чесните внатрешни дејци на ВМРО во реонот на Азот, Велешко. Роден е во селото Папрадиште, Азот, Велешко, во 1880 година. Учествувал во многу борби пред Илинденското востание, за време на Востанието и по него.

Во 1913 година српската окупаторска власт, кога ја вршел дејноста поп во Велес, го фатиле и после тешки мачења го исекле на мали парчиња и го фрлиле во реката Вардар.

<< Претходна | Следна>> | Именик