Make your own free website on Tripod.com
Пандо Кљашев

Роден е на 29 септември 1882 год. во с. Смрдеш, Костурско. Образованието го стекнал во родното село,  Костур, Солун (1896-1899 год.) и Битола (1899-1900 год.). Во револуционерното дело се вклучил како ученик во Солунската гимназија во 1898 год. Кратко време бил учител во родното село а од јули 1901 год. е четник во четата на Марко Лерински, а потоа станува и војвода.

Учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес и потоа зел активно учество во Илинденското востание.

Зимата 1903-1904 година ја поминал во Бугарија, од каде во 1904 година се вратил во Битолскот округ. Потоа станал војвода на чета во Костурско. Во 1906 год. е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет.

Загинал на 31 јули 1907 година, со уште 14 борци, во борба со турскиот аскер во близина на с. Дреновени, Костурско.

<< Претходна | Следна>> | Именик