|
Роден е во с. Цапари, Битолско, во 1874 година. Завршил педагошко
училиште и извесно време работел како учител. Во редовите на
ТМОРО влегол во 1894 година и набрзо станал еден од нејзините
раководители во Прилеп, Битола, Кичево, Костур и други места,
каде што го ширел револуционерното дело.
Повеќе години бил раководител и член на Окружниот комитет на
Битолскиот револуционерен округ. За време на Илинденското востание
дејствувал во Леринско и Костурско. Во 1910-1911 година, е задграничен
претставник на ВМРО во Софија. Во Балканските војни води чета
во Битолско. Во 1915-18 е окружен финансиски раководител, а
подоцна окружен државник на Битола.
Умрел на 6 јуни 1922 година во Софија од туберколоза, во тешка
мизерија. |