Петар Чаулев

Роден е во 1882 година во Охрид. Завршил гимназија во Битола, каде учествувал во работата на Ученички револуционерни кружоци. Учителствувајќи во Охрид, во исто време станал секретар на организационите чети во Охридско. Како војвода на чета, за време на Илинденското востание учествувал во востаничките борби во Охридско и Кичевско.

Во 1911 год. заедно со Т. Александров и Х. Чернопеев станува член на обновената ВМРО.

Учесник е со чета во Балканската војна. По првата светска војна одново е член на ЦК на Организацијата, а во 1924 година, заедно со Тодор Александров и Александар Протогереов, го потпишал Мајскиот манифест на ВМРО, за обединување на сите револуционерни сили на македонското националноослободително дело.

Убиен е на 23 декември 1924 година, во Милано, Италија.

<< Претходна | Следна>> | Именик