Роден е во с. Герман, Преспанско. Учествувал во Илинденското востание и како војвода на голема чета ги бранел долнопреспанските села од колежите и пожарите што ги правеле турскиот аскер и башибозук. По Востанието заминал за Америка и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно формирал чета и како нејзин војвода дејствувал против Турците.
Цели три години со својата чета ги крстосувал преспанските планини. Тој се прославил и во борбите против андартите.
На 28 февруари 1907 година бил опколен од турски аскер кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, П.Христов извршил саможртва. |