Петар Јуруков

По народност е Бугарин, роден во 1882 година во Карлово (Бугарија). Уште како ученик се запознал со македонското прашање и станал член на револуционерен кружок за помош на Македонија, организиран од Гоце Делчев. Како секретар на дојранската чета, во 1900 година заминал во Македонија. По извесно време се префрлил во Кукуш, заменувајќи го Чернопеев. Нешто подоцна, по налог на Г.Делчев, се префрлил во Тиквешко. Илинденското востание го затекна во Кавадарци.

Во 1905 година, по заповед на ВМРО, го презел раководењето во разбиениот Крушевски реон.

Умрел од тешка рана во Крушево, во 1905 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик