Петар Ацев

Роден е во с. Ореовец, Прилепско, во 1877 година. Брат на војводите Мирче Ацев и Ѓорѓи Ацев. Извесно време работел како учител. На Организацијата и пристапил уште во 1893 година. Станал нејзин организатор и потоа од мај 1902 година е околиски војвода во Прилепската околија. Учествувал во многу борби со Турците, а исто така и со српските и грчките пропагандни чети. Бил член на Битолскиот окружен револуционерен округ. Зел учество на Смилевскиот конгрес и како војвода во Илинденското востание.

По Првата светска војна живеел во Бугарија.

Умрел во 1939 година во Пловдив.

<< Претходна | Следна>> | Именик