Пере Тошев

Роден е во 1865 година во Прилеп. Се школувал во родниот град, Битола, Солун и Пловдив. Работел како наставник во Битола, а потоа училишен инспектор во Солунскиот санџак. Од 1898 год. па се до 1901 год. бил член на ЦК и најблизок соработник на Ѓорче Петров и Гоце Делчев.

Во јануари 1901 година, тој заедно со целиот состав на ЦК бил уапсен, осуден и заточен во Подрум-кале. По амнестијата се вратил во Македонија каде зел учество во Илинденското востание во прилепскиот крај. На Рилскиот конгрес (1905) бил прифатен од него изработениот Правилник на ТМОРО и повторно избран во нејзиниот ЦК.

Во 1910 година Егзархијата го сменила во инспекторската служба.

Пред Првата балканска војна болен, се лечел во Софија, решил да се врати во Македонија. На пат за Прилеп, на 4 мај 1912 година, попаднал во турска заседа и бил убиен во Дреновската клисура.

<< Претходна | Следна>> | Именик