Поп Владимир Живков

Роден е во Штип. Уште кога Гоце Делчев учителствувал во Штип го вовел во редовите на Организацијата. Набргу, станал еден од нејзините многу активни членови.

Во 1910 година, во една акција за разоружување на македонското население што ја спроведувале Младотурците, Поп Владимир бил затворен во Штип и подложен на жестоко измачување. За да си стави крај на маките, Поп Владимир извршил самоубиство.

<< Претходна | Следна>> | Именик