Make your own free website on Tripod.com
Сандо Китанов (Александар)

Роден е во с. Лешко, Горноџумајско (Благоевград). Извесно време работел како учител. Сандо бил околиски војвода во Малешевијата. Се одликувал со голема храброст и интелегенција. Учествувал во многу борби против Турците.

По востанието, Сандо Китанов со својата чета го придружувал Даме Груев во неговите обиколки низ Македонија.

Загинал заедно со него во нерамна борба со турскиот аскер, на 23 декември 1906 година кај селото Русиново, Беровско.

<< Претходна | Следна>> | Именик