Роден е во 1871 година во Прилеп. Еден е од најпознатите терористи на Организацијата, човек што ги извршувал нејзините специјални наредби во врска со извршувањето на смртните казни врз предавниците, отпадниците и крвниците на македонскиот народ.
Загинал при извршувањето на смртната казна што ја изрекла Организацијата врз отпадникот Тоде П.Антов во Прилеп, во борба со турската полиција во 1899 година. |