Роден е во 1878 година во Прилеп. Завршил гимназија во Битола и станал учител во родниот град. Уште како ученик стапил во редовите на ТМОРО. За време на учителствувањето работел на јакнење на револуционерната организација во Прилеп и Прилепско.
На 23.07.1903 година бил опколен од турски аскер и во борбата бил тешко ранет. Успеал да се скрие во една пештера, каде по неколку дена искрварил и умрел на 23 јули 1903 година. |