Владо Георгиев Черноземски

Владимир Георгиев Черноземски и Владо Димитров Черноземски се псевдоними на лицето Величко Димитров Керин од с. Каменица, Пештерска околија. Роден во с. Каменица на 19 октомври 1897 г. Величко има еден брат и две сестри. Тој немал големо образование, завршил трети клас во с. Каменица.

Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати. Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Како на еден од најдоверливите му се доверуваат редица одговорни задачи. На 12 септември 1924 г. го ликвидира Димо Хаџидимов, а на 12 декември 1930 г., во Софија е убиен Наум Томалевски. Од 15 јули 1932 г. Владо Черноземски е испратен кај Анте Павелич како инструктор, во Јанка Пуста - Унгарија, како подготовка за покасно изведениот атентат врз кралот Александар.На 9 октомври, 1934 г. во Марсеј, Франција ги прострелува југословенскиот крал Александар и францускиот министер Барту, и ранет од полицајците по кратко време умира.

Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.

<< Претходна | Следна>> | Именик