Make your own free website on Tripod.com
Солунскиот атентат и заточениците во Фезан

ПРЕДГОВОР

Солунскиот атентат, извршен на 16, 17 и 18 април 1903 г., претставува најпотресниот настан во историјата на македонската ослободителна борба до Илинденското востание. Тој претставува најкрвавиот предвесник на сe она што следуваше подоцна, страшен симбол на народното негодување, зовриено до избезумување, на очајничко решение да се побара излез, по секоја цена, од неподнесливото темно ропство, кон светлата иднина. Навистина, солунскиот атентат претставува дело на своеглави младежи, кои мимо Внатрешната револуционерна организација, па дури и спротивно на нејзината волја, намислиле да нзвршат еден велик подвиг, со кој да ги натераат европските Велики сили да се погрижат за подобрување на судбата на Македонија, а за кое, во смисла на чл. 23 од Берлинскиот договор имаа и морална должност; па сепак, при сето тоа, тој не претставува лично дело, туку само делумна, вонредно значајна пројава на општиот револуционерен дух, што во она време го беше опфатил сиот бугарски народ под Турција. Силата на една таква општонародна идеја, каква што беше и ослободителната македонска идеја, не така ретко во историјата избувнува во слични, очајнички одделни дејства, како стихијно навестување на бура што доаѓа, на катастрофални настани од големи размери. А 1903 година до Илинден го означува највисокиот врв на најсилно душевно бранување што може да искуси цел еден народ под влијанне на една велика идеја, која го повикува на самопожртвување. Грозничавите подготовки за општо востание до толку ги возбудијн духовите, што и најматеријалистички настроените души се почувствувале морално издигнати над животните сметки, целосно обземени од една идеалистичка увереност, дека е наближан врвниот миг на сенародниот спас. Во таква крајно затегната атмосфера, најголема возбуда ги исполнува до потполна егзалтација младите, а особено таквите, кај кои ваквата душевна состојба постепено се подготвувала и под влијание на различни негативни учења, кои ги отфрлаат теориите за постепена еволуција, убиваат секоја разумна трпеливост, и ја поттикнуваат волјата да се насочува право спрема крајности.

Не е чудно што и во Македонија, сред усвитената атмосфера, имало и ваквн смели, самоуверени, и главно, чисто идеалистички инспирирани родољубиви младежи, чие трпение било исцрпено од глетката на бескрајиа врвулица од неуспешни револуционерни обиди, сврзани со трагични човечки жртви и нечовечки гаврења на нашите непријатели над невиниот народ. Мислата за тоа да се дејствува посмело и директно непријателот да биде засегнат во неговото најчувствителио место без долго бавење и без оглед на жртвите, што ќе бидат дадени за општо добро, преовладеа во времето меѓу 1902-1903 година сред некои младински кругови од македонската интелигенција, и најпосле оваа мисла најизразито се конкретизира преку Солунскиот атентат, невиден со својот смел начин на извршувањето. И сега, при споменот за жртвите на множество невини суштества, што со себеси ги повлече тој атентат, човек истрпнува од сочувство спрема нивните страдања, и природно, негодува и спрема неговите автори, уште повеќе ако се знае дека не ги послушале советите на раководителите на Внатрешната револуционерна организација, да не испребрзуваат, за да не станат со своето самоволие причина да се оневозможи и самото сенародно востание, подготовките за кое барале стрпливост од најмалу ушге два-три месеца. Сe останало попусто, а пак и за самите заговорници било опасно да чекаат, изложени поради некаква случајност секој час да можат да бидат предадени, да се оневозможи нивниот заговорнички потфат, подготвен со незамисливо себеодречување и со младешка пламеност, која не познава граници на возможното. Оваа последнава околност, како што се објаснува и во спомените на г. Шатев, донекаде дава оправдание за младите заговорници. Сe до последниот миг тие не престанале да веруваат, дека нивното дело ќе принесе полза за ослободителната идеја, а пак никој да не се посомнева во чистотата на нивните побуди, и пред светот да истакнат посилно дека слободата, за која се борат, им е поскапоцена и од животот, пред атентатот тие решаваат дека треба и с а м и т е д а з а г и н а т. И навистина, повеќето од нив така и завршуваат, херојски, така што човек не може да се начуди откај се збрала таква душевна сила кај тие младежи, како е можно така доброволно самите да отидат во смрт, кога и по атентатот имале можност да ги спасат своите животи. Јуначкото однесување на заговорниците, иавистина претставува редок пример на самопожртвување, пред кое веднеле глава во почит и туѓинци, па дури и еден од турските воени началници. Поради тоа Солунскиот атентат бил објективно оценет од странскиот печат како политички акт, со кој измаченото бугарско население на Македонија отворено ја прогласило својата цврста решеност да ги побара и со оружје в рака своите човечки права. Преку Солунскиот атентат величествено се пројави духот на разбунтувана Македонија. Илинденското востание, што се разгоре три месеци подоцна, веќе не претставуваше за светот големо изненадување. Прашањето за адммнистративните реформи беше веќе поставено на дипломатската маса, и не беше тргнато од дневниот ред и по задушувањето на востанието, затоа што се разбра оти еден јуначен народ е исполнет со решителност и да умре за својата слобода. Па така, Солунскиот атентат, и наспроти својата предвременост, сепак придонесе многу за целта, за која неговите автори се пожртвуваа и себеси. Некои од главните учесници, во согласност со сопственото решение, загинаа во време на атентатот, како што ќе се види понатаму, а имено Ордан Органџиев-„Орцето", Димитар Мечев, Коста Кирков, Илија Трчков, Владнмир Пингов, а други, осудени на смрт и потем на доживотен затвор, гниеја по затворите во Солун и заточеништво во Африка - во Фезан (во гр. Мурзук во Сахарската Пустиња, повеќе од деветстотини километри од гр. Триполи); тоа беа Павле Шатев, Ѓорѓи Богданов, Марко Бошњаков и Милан Арсов. Последниве двајца починаа во Фезан, а Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов, по претрпени тешки страдања, откако доживеаја општа амнестија, што султанот им ја даде на политичките злосторители, на 21 јули 1908 г. беа ослободени од затворот во Мурзук, и успеаја да се вратат живи; на З октомври 1908 год, тие стасаа во Солун.

Павел Шатев, роден од Кратово, откако неколку дена поминал во родното место со своето семејство, побрзал да си ја одведе својата болна мајка на лекување во Софија. Несреќната мајка, поради претрпените големи страхувања и јад за сина си, попаднала во состојба на особено нервно растројство, такашто спазмички без престан си ги кршела рацете, без престан, деноноќно. Неочекуваната голема радост, да си го види пак жив и здрав својот син, повлијаела да ? се подобри здравјето, и тогаш лекарите допуштале дека со време и позначително ќе ? се подобри здравјето.

Јас тогаш се запознав со Шатев, и со него разговарав за страдањата што ги преживеал. Во свое време за Солунскиот атеитат се пишуваше мошне многу во весниците, но многу интересни подробности, а особено за неговата предисторија не беа познати, а исто така сосем беше непозната и историјата на заточените во Фезан. Шатев се согласи подробно, од почеток до крај, да ми ги раскаже своите спомени, и така се најдовме на првата договорена средба дома кај мене, на 6 ноември, 1908 година. Тогаш Шатев имаше 26 години, според тоа, во време на атентатот, тој немал сосем наполнето ни 21 година. Нашите средби продолжија неколкупати едноподруго, и така можев да запишам интересни подробности за подготвуваниот атентат во Цариград, кој бил осуетен само по една случајност, како и за атентатот во Солун, во чија подготовка Шатев зел најактивно учество. Во самнот Солунски атентат тој добил задача со динамит да предизвика пожар на францускиот пароброд „Гвадалкивир" во солунското пристаниште, која задача тој доста успешно и ја извршил. Фатен потоа на скопската железничка станица, Шатев ги издржал сите ужаси, што му се стовариле во затворот, благодарејќи на својата здрава природа и на својата способност надворешно да се држи спокоен и при најсилна внатрешна возбуда. Тој ми остави убав впечаток со својата трезвена расудливост и воопшто со својата интелигентност, каква на прв поглед човек не би очекувал. Се покажа дека владее француски јазик, и дека и наспроти своите страдања имал многу читано. Неговото прикажување за патувањето на заточениците Бугари, меѓу кои бил и тој, од Солун преку Смирна до гр. Триполи, и оттаму преку пустињата до гр. Мурзук во Фезан, ми се стори особено интересно, главно поради бескрајните маки, што ги претрпеле нашите несреќни заточеници.до педесетмина, од различни краишта на Македонија. Престанав да бележам подробности за тоа, откако од Шатев разбрав оти тој во текот на своето заточеништво правел белешки за своите интересни доживувања. Го уверив дека би претставувало интересно четиво за нас, ако тој ги издаде тие свои белешки. Потем Шатев ми го покажа својот дневник, што го зафаќа времето од денот кога Солунскиот вонреден суд ја донел пресудата за атентатот, па се до амнестирањето на заточениците. Откако увидов дека материјалот е интересен, јас го поттикнував да си ги дополни своите белешки, врз основа на постојната литература, до која може да дојде, со поопшти географски и етнографски податоци во однос на Фезан и неговото население. Тогаш Шатев сериозно се нафати со таа работа и по две години успеа да ја отпечати својата книга „Заточението во Сахара - Фезан" (Софија, 1910 год., бр. 8°, 250 стр.) Во првиот дел од книгата меѓу другото се раскажува за патилата на нашите заточеници, а во вториот дел се даваат посебни подробности за областа Фезан, во однос на климата, почвата, населението, битот и сл. Подолу ги давам првин спомените на Шатев до крајот на Солунскиот атентат, онака како што сум ги запишал според неговото раскажување, а потем со големи скратувања ги додавам и неговите спомени од заточението во Фезан, како што се предадени во првиот дел од наговата книга „Заточението во Сахара - Фезан" (1-150 стр.)

Така споменнте за Солунскиот атентат убаво се дополнуваат со нивното продолжување за заточените во Фезан, па се добива една довршена целост. Да додадам уште дека релативно подолгичкиот опис на страдањата на заточениците е крајно интересен меѓу многуте страдалнички епилози на нерамната борба на нашите македонски собраќа во херојската 1903 година, затоа што повеќето наши еднородци, заточени во Фезан, освен четиримината солунски заговорници, се искупителни жртви на Илинденското востание. Нивната горчлива судба воопшто ја симболира судбата на измачената и окрвавена Македонија по востанието, која со стегнато срце поднесе неискажливи маки, без да падне духом, горда во својата свест за правичноста на народното дело. И додека старите живи борци и по катастрофата од 1903 година продолжуваа да стојат на својот пост, таа херојска Македонија роди новн херои. И така ќе продолжи тоа докрај, додека не се постигне целта, слободата на Македонија!

Таков е заклучокот, чинам, и од примернте што се изнесени во овие спомени на П. Шатев. Особено е скапоцен во нив првиот дел, во кој збиено се изнесени мошне интересни и од психолошки аспект, дејства богати со силни драматични моменти. Во околностите во кои се бележени спомените на Шатев, неминовно беа испуштани интересни податоци, особено во однос на карактеристиките на главннте учесници. Се разбира, поради скромноста на самиот раскажувач, нзјслабо е окарактеризирана неговата сопствена личност. Бездруго таа празнина во однос на загинатите солунски херои ќе се подополни преку спомените на други нивни живи сподвижници. Еден таков добар обид веќе е направен со брошурата на Ст. Симеонов, „Солунскиот заговор" (Софија, 1921.8°, 24), во која авторот се труди да ни ги даде карактеристиките на псиухата на солунските заговорници во врска со општиот тек на револуционерното дело во Македонија, сред кое неминовно се изделуваат и одделни кружоци на незадоволници поради извесни принципиелни причини.

Подетално г. Симеонов се задржува да ни ги објасни идеите на кружокот на „гемиџиите", како што оригинално се наречувале младите револуционери, повеќето родум од Велес, што подоцна го извршија солунскиот атентат. Откако накусо се предава станатото во време на атентатот, авторот врз основа на податоци, што му ги кажале двајца од преживеаните од солунската заговорничка акција, Тодор Органџиев и Павел Шатев, се потрудил да ни даде куса лична карактеристика за нивните загинати другари - Ордан Органџнев („Орцето"), Иван Василев Кирков („Коста"), Димитар Мечев („Мечето"), Илија Трчков, Владимир Пингов (Владо) и Милан Арсов.

Сметам за умесно тука во целост да ја пренесам таа интересна карактеристика на Ст. Симеонов, со која ја завршува својата брошура:

„Првенствено место во заговорот му припаѓа на О р ц е т о. Тој беше млад, на 22 години, висок, слабунест, со костенливи коси и црномурно лице, интелигентен, начитан и исполнет со општочовечки чувства, но и крајни, присушти на неговата возраст и објасниви од тешкиот хамидовски јарем врз неговата татковина, погледи за животот и светот. Орце беше живо олицетворение на вонредно силна волја, упорна цврстина и непоколеблива доследност.

Како во времето на подготвителниот период на атентатот, така и при неговото извршување, Орце беше душата на заговорот. Само неговата пламена верба во правината на патот што го избрал, неговата цврстина, неговиот трезвен и практичен ум, како и неговата неисцрпна енергија и железната волја можеа да ги совладаат големите до неверојатост пречки за успехот на започнатото дело.

Тој си избра свој пат за борба против хамидовското угнетување на неговиот роден крај. Но, почитувајќи ги и туѓите убедувања за методите на борбата против хамидовштината, тој не трпеше никакво светоскрнавење на делото. Прикажуваат дека еднаш во некоја солунска кафеана, во која луѓето од кружокот често оделе да пијат кафе, во присуство на луѓето од кружокот, што зафатил едно од ќошињата во кафеането, една група Бугари се препирале околу несогласувањето меѓу врховистите и централистите. Орце, откако се вслушал во нивната расправија, станал од своето место, и им удрил по една шлаканица на тие што спореле, изјавувајќи дека во кафеана не можат да се прават такви расправии, и си се вратил на местото. Бугарите, што се препирале, си ги наведнале главите без да реагираат, признавајќи дека Орце има право во своето барање.

Предупредувањето на семејството на директорот на Отоманската банка, за да се избави од неминовна смрт, за кое спомнавме на друго место, покажува една високо-благородна душа на Орцета.

Орце станувал и до немајкаде брутален, и дури безочен, кога некој од неговите другари расеано ја извршувал задачат што му била поставена. Тој брутално му се втурнал врз својот најверен другар, Коста Кирков, и тоа токму во денот кога започнаа атентатите, поради тоа што не било навреме однесено храна на Мечето, што бил на стража во сутеренот на банката, и поради тоа, што Коста се загледал во избата на банката низ решетката од улица, и со тоа можел да побуди сомневање меѓу случајните минувачи, за подготвуваниот атентат. Тоа покажува началнички својства кај незаборавниот херој.

Некои од другарите го споредуваат Орцето со динамит, тој имал својства слични со динамит: ако имал некакви пречки, Орце избувнувал со сета своја душа, а ако немало пречки, бил тивок и милозлив како вистинско девојче.

Орце, не верувајќи достатно во силите и добрата волја на некои од заговорниците, се однесувал спрема нив крајно арогантно. Тоа ги чинело другите другари големи усилби за да ја оддржуваат неопходната еднодушност за успехот на акцијата.

Раководењето со целиот заговор било во рацете на Орце. Тој ги одржувал писмено и лично иадворешните врски со Софија и Цариград. Тој ги примал паричннте суми и ги распределувал меѓу другарите. Сето тоа станувало впрочем без никакви формалности, затоа што заговорниците, верни едни спрема други до фанатизам, никогаш дури не помислувале да бараат сметка за парите што им биле доверени и потрошени.

Посетите во Швајцарија и Софија отшлифувале доста груби црти од карактерот на Орце. Тој бил рамнодушен спрема животот и животните потреби. Целото негово суштество беше одземено од намислената идеја. Немаше ништо што би било во состојба да го одбие од строго зацртаниот план.

Неколку недели пред атентатите, родителите на Орце, со тешка грижа за своето мило чедо, особено по убиството во Велес на неговиот поголем брат Милан, пак во врска со револуцијата на поробените Бугари во Македонија, испратиле еден свој роднина, во кого имаа целосна доверба да го убеди Орцето, последниов да се откаже од своите планови, и да им се смилостиви на своите родители. Орце го одбил сето тоа со еден сугестивен гест изјавувајќи, дека тој не сака да живее ропски живот.*

***

Вториот по величина херој е Константин Иван Василев Кирков, што другарите го викале Коста. Тој бил млад и убавец. Кај него заемно си биле соперници интелигентноста и личовината. Ова младо момче било олицетворение на возвишен идеализам, својствен само на лица што израснале во такви средини, во кои семејните традиции и општиот морал претставуваат најголема вредност.

И Коста, како и Орцето, бил исполнет со крајно возвишени и општо-човечки идеи и чувства. Тој бил до немајкаде благороден, крајно учтив во своето однесување, и никогаш не мислел на себеси, туку сe оставал за своите другари, за идејата и татковината. Ако Орце претставувал материјалната врска на заговорничкиот кружок, Коста ја претставува духовната алка, што ги обединувала и воспламенувала душите на сите заговорници и симпатизери.

Коста претставувал најцслосна природа, кадарен како за спекулативна наука, така и за практична револуционерна борба. Ваквите негови својства воопшто не претставуваат никаков парадокс, бидејќи за неговиотм обичен живот карактеристична црта била вонредната нежност во чувствата и во мислите, а во време на борба Коста бил смел и великодушен.

***

Третиот по ред херој е Димитар Мечев, од другарите викан М е ч е т о. Тој бил цврст и смел револуционер и долгогодишен содружник по Пелистер и Бабуна на Гоце Делчев и Даме Груев и нивни личен пријател. Тој бил на средна возраст. Тој најмногу од сите беше истргал од чашата на разочарувањето во револуционерните борби и претрпел вонредно големи физички и морални маки. Тоа го фрлило во до немајкаде голем песимизам за сe во животот.

Навидум Мечето не бил толку убав и милозлив, меѓутоа по душа бил вонредно нежен, благороден и секогаш со разбирање за секого. Сите оние што имале можност да се запознаат поблизу со него, останувале восхитени од неговиот ум, карактер, волја и чувства.

- „Нема да кажам голем, туку ќе речам голем некористољубец беше Мечето!", - изјавува еден од неговите живи другари.

Во мигови на отпочунување Мечето многу милувал да извршува тешка работа во рудникот „Перник". Само таму тој можел да најде спокојство и мир за сите мисли што го обземале за ропска Македонија. Во спротивност со множество од тогашните дејци на револуционерната организација, тој избегнувал да им биде тежина на раководните фактори и на народот, и на тој начин, според сопствеиите сфаќања, успевал да си ја запази слободата и да избегнува какви и да е ангажмани, што би претставувале пречка за неговото постапување и би го принудиле на компромиси за живеењето.

***

Илија Трчков бил најмолчеливиот од сите, но во замена на тоа и најисполнителниот и најделовен херој. Како што не можела да се одвива општата работа на Орце без соработката од Коста, затоа што двајцата меѓусебно се дополнувале, така и во одделната конкретна акција Илија Трчков го дополнува Мечето.

Илија, иако мошне помлад од Мечето, по природа бил храбар и експанзивен. Тие својства видливо го одликувале Илија од другите заговорници, иако и тој ги имал и повеќето од својствата на другите свои другари.

Илија бил млад, врсник на Коста и Орце, образован, прилично развиен физички, колку атлет со снагата толку и јунак по душа и надворешност. Како венец на сe на карактерот на Илија му била својствена дрзосноста при појавата на опасности, и безгранична преданост спрема дугарите и делото.

***

Петтиот по ред херој е Владимир Пингов. И тој исто така бил врсник на другите заговорници и сакан од сиот кружок поради својот весел карактер. За разлика од Орцето и Мечето, Владо бил олицетворение на епикуризам.

Во најтешките и најтрагични моменти, кога се соочувале со многубројни тешкотии, кога сомневањето до болезненост го труело Мечето, а умот на Орцето снеможувал, Владо со својата ладнокрвност ги повлекувал сите, и поттикнувачки им влијаел на сите.

Сето тоа Владо го правел инстинктивно и несвесно. Меѓутоа, неговите верни другари имале голема полза од ова негово својство и високо го ценеле.

Скромен, навидум ладнокрвен, Владо е пламено предан на делото и готовен секогаш и да умре за него. Тој и последниот миг од својот живот сака да го преживее онака, како што им е присушто на мнозина Велешани.

***

Најмладиот заговорник во кружокот е Милан Арсов, родум од с. Ораовец (Велешко). Иако уште ученик во гимназијата, Милан бил мошне надежен другар на заговорниците. Тој претставува типичен феномен на епохата, што ги роди сите херои во незаборавните бунтовнички години на Македонија. Милан бил мошне млад, на осумнаесет години. Но кај него смелоста се натпреварувала со младоста, а за неговиот ентусијазам не постоеле граници. Тој загинал далеку од Македонија, во пустелиите на Северна Африка.

Како заедничка карактеристика на заговорниците ќе го припомниме уште и следниов факт од нивниот живот:

Враќањето на Мечето во Солун, за учество во претстојниот атентат, по некаква случајност се погодило со истиот, со кој го пренесувале телото на рускиот конзул Шчербин, убиен во Приштина. Заговорниците страхувале да не го откријат Мечето по пат, па со тоа да биде оневозможен заговорот. За да се справат со оваа евентуалност, тие се вооружиле со бомби и револвери, и заедно сите отишле на станицата, на пругата од Скопје, чекајќи го возот што доаѓа од Скопје. Планирале да ги испотепаат полицајците, ако го фатиле нивниот другар, и на тој начин да го ослободат, или, ако не им успее тоа, да фрлат бомби врз полицајците, што би го спроведувале Мечето, па дури и со ризик да биде убиен и самиот Мече.

Меѓутоа, штотуку стасале на станицата, ги забележале конзулите како пристигнуваат за да го пречекаат телото на Шчербин. Тогаш Коста им рекол на своите другари заговорници дека сега е момент да се направи нешто поголемо одошто се проектираните атентати. Еве погодна можност да се изврши закана за животот на официјални претставници на Европа, која го поддржува тиранскиот режим во Македонија. Смелите заговорници ги имале сите средства и потребната смелост за да остварат една таква акција. Се тргнале настрана и по кусо советување решиле да не го искористат овој соблазнив случај, што просто ги повикува нивните души преполнети со копнеж за одмазда, и да останат верни на извршувањето на веќе подготвените атентати со динамит.

***

Еден современик на тие настани вели: „Сите заговорници можеа да се спасат, само да посакаа, затоа што тие беа господари на градот од осумте часот навечер до двата часот по полноќ." Но тие не сакаа да се спасуваат, туку беа решиле да загинат во смела борба за уривањето на угнетувачкиот режим во нивната родна земја Македоннја. Телесните останки на хероите се чуваат на бугарските гробишта во Солун, лулката на македонската просвета и револуција, а нивните неуспокоени духови без престан лебдеат по крвавиот небесен свод над поробена Македонија, и им напомнуваат на верните синови на тажната татковина да не заборават дека само во самопожртвувана борба е залогот за подобра иднина и за подобри дни на измаченото македонско население.

Нека им е вечен споменот на храбро загинатите солунски херои и нека ннвниот пример на самопожртвување биде поука за младото бугарско поколение"!

Да додадеме дека од загинатите заговорници не се останати никакви нивни портрети. Во својата книга П. Шатев приложува две бледи репродукции на две слики од починатите во гр. Мурзук (Африка) Ив. Бошњаков (родум од Охрид) и Милан Арсов.

Л.М

* Во мигот кога го одложуваме перото, за да напоменеме за тој миг од животот на првиот солунски херој во аферата во 1903 год. студената оловна жица од телеграфот, што единствена ја сврзува Софија со поробениот Велес, ја пренесе тажната вест за починувањето на мајката на Орце, г-ѓа Султана поп Јорданова. Мир и покој на правта на благородната Бугарка, што роди и одгледа двајца херои, паднати за слободата на Македонија.

Почеток | <<Назад | Напред>>