Make your own free website on Tripod.com
Солунскиот атентат и заточениците во Фезан

ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ВО ФЕЗАН

ОСЛОБОДУВАЊЕТО

Последните две години не добивме никаква вест за некакво посебено движење во Македонија. Ние не ја знаевме положбата на Македонија, не знаевме до каков степен на развиток дошло македонското прашање, туку сепак, иако живеевме во глув гроб, одвреме-навреме узнававме некои новости од Македонија, меѓутоа, тие не беа утешни за нас. Оставени на едноличниот ззтворенички живот, зафатени со секојдневни дробни работи во затворот, на 16 јули навечер се разнесе глас, дека пристигнала некоја телеграма, во која се велело оти била дадена општа амнестија за сите политички престапници. В миг таа телеграма попадна во нашите раце. Таа гласеше: „По повод отворањето на парламентот, Султанот прогласи општа амнестија." Сите живнавме од таа вест. Во затворот, како и во градог, се крена тревога. Едни си го честитаа ослободувањето, други се сомневаа во тоа, а рамнодушните Арабјани, кога ќе сретнеа заточеници, им велеа: „мамбрук, мамбрук!" (честито, честито). На 17 јули пристигна официјална телеграма, и уште истнот ден им соопштија на сите заточеници-муслимани, дека се слободни да си одат кој каде сака и кога сака. По малм подготовки за пат, сите си заминаа. Останавме ние Бугарите, и двајца Ерменци. Каква беше нашата положба! Кој може да го опише тоа? Па и како да ја опишам?! Ние, колку и да се радувавме поради заминувањето на нашнте другари по судба – муслиманските заточеници, толку и жалевме што остануваме. Дали знаеш, читателу, како се чувствува човечката душа, кога истовремено е исполнета и со голема печал и со радост? Да плаче или да се весели, да се движи или да лежи - ни едното, ни другото бидува. Ваквиот критички момент е најмачниот во животот на затвореникот, бидејќи попаѓа во уште поголема неизвесност пред иднината, и таа неизвесност не му дава ниту миг мир и спокој. Дошло до преврат, се прогласила конституција, владата се променила, Турција живнала - само тоа го слушавме. Од известувањата што пристигнаа за иастаните во Турција, ние се уверивме дека во скоро време ќе се ослободиме и ние. Нестрпливо исчекувавме да дојде тој среќен ден, кога и на нас ќе ни речат: „излезете!" Денес, утре, поминаа 10-15 дена, а ние се уште останувавме во истата положба, без да можеме да дојдеме до каков и да е заклучок од нашите премислувања.

Доцна ноќта на 30 јули речиси сите бевме заспале, почнаа да тропкаат клучевите, се отворија вратите, и на неколцина од нас ни дадоа четири телеграми, со кои домашните не прашуваа: „Дали сте ослободени или не сте?“ Нови раздвижувања, нови тревоги, пак несоница... Утредента, на 31 јули, узнавме оти од Министерсгвото за правосудство пристигнала телеграма, со која го прашале управникот: „Дали ги ослободивте заточениците?" Поминаа неколку часа, ние сe уште чекаме да ии јават. Вечерта во 10 часот управникот повика неколцина од нас во својата летна вила, подалечку од градот, сред една градина со високи палми. Дојдовме кај него, и тој почна: „Сега добив една телеграма од главниот инспектор на румелиските вилаети, со која ми соопштува дека и вие сте вклучени во општата амнестија. Од овој миг вие сте слободни. Ви честитам со радосната вест, кажете им го ова на другите свои другари, и истовремено честитајте им го ослободувањето". Уште истата ноќ излеговме во градот, се сместивме во една-две вуќи кај нашите другари, Ерменците. Сета таа ноќ не спиевме и лично присуствувавме на фезанската „фантазија" (веселба), за која во текот на две години само слушаеме од затворот.

На 1 август мутесерифот побрза да ни јави дека нема да ни дадат ниту леб, ниту тулуми за вода, потребни за целиот пат што ни претстоеше, дури ниту камили, додека не дојде заповед од Триполи. Ни го запреа лебот. Уште истнот ден ние побаравме од валијата, да ни се даде сe што е неопходно за долгото патување. Повторно го замоливме управникот да ни се даде леб, барем на сиромашните. Тој не се согласи. „Вне веќе не сте затвореници, па според законот не треба да ви се дава леб" - беа неговите сопствени зборови. На 4 звгуст добивме одговор на телеграмата, што ја испративме до валијата во Триполи. Ни јавија дека ќе ни дадат сe - леб, мешини за чување вода, камили, придружба на стража и друго. Побараа мешини во градот, но меѓутоа се најдоа само седум-осум малечки тулумчиња. Не преостануваше друго, освен да се побараат во Сокна и Гат. Гатските мешини се подобри, меѓутоа, додека дојдат, требаше да чекаме 20-25 дена, бидејќи меѓу Гат и Мурзук нема телеграф, а оддалеченоста е повеќе од 450 километри. Уште истиот ден мутесерифот прати телеграма на кајмакамот во Сокна, да заповеда да се најдат 50 мешини за вода и да ги испрати со специјален човек во Мурзук. Одреднја и за наоѓање на камили. Но во околноста на Мурзук нема пасишта, каде би можело да се бараат камилн. Испратија телеграма до кајмакамот во г. Шати, меѓутоа излезе дека и таму немало, но на 3-5 дена пат од градот, кај Вади - беј имало мошне камили, и кајмакамот испратил неколку стражари на коњи да приберат камили. Тулумите не можеа да дојдат уште најмалу 15 дена, а камилите - уште 20 дена. На 9 август во Мурзук пристигна еден карван со стоки. Повеќе од камилите беа преморени од долгиот пат и тешкиот товар. Камилите, што повеќе се држеа, ги запреа, за да испратат со нив дома една група војници, што ја беа завршиле својата воена обврска. Некои од нашите другарн го замолија мутесерифот да ги вратат камилите што поскоро, бидејќи речиси сите беа бедни, и одамиа веќе останати без скршена пара. Немаше достатно камили, и бидејќи таа пролет не падна многу дожд, некои од бунарите по патот беа пресушени. Ете зошто мутесерифот сакаше да не раздели на две групи. По молба на нашите другари тој се согласи да ги испрати со отпуштените војници. Уште истиот ден им дадоа жито за 45 дена, по една мешина за вода на секој, најдоа неколку камили во градот, и на 10 август заминаа 15-мнна од нашнте другари, откако уште во Мурзук им одредија по една камила за двајца, на која да ги товарат лебот и водата. Откако заминаа другарите, случајно узнавме дека еден карван поминал на 2-3 часа оддалеченост од Мурзук, за накај селото Хофрие Шаркија, за да земат урми. Одредија да заминат неколку стражари со коњи, за да го стасаат предводникот на тој карван. Утредента камиларите, по заповед на мутесерифот, дојдоа во градот, и им беше понудено за прилична награда, што тие ќе ја добијат уште таму во градот, да не одведат во Сокна. Тие не сакаа, бидејќи камилите им биле слаби, меѓутоа ги принудија. На 16 август пристигнаа и тулумите. Ни рекоа, ќе ни дадат по една камила на двајца за јавање, по еден тулум за вода за секој, и пченица за 40 дена. Пченицата ни ја дадоа пет дена порано, и имавме голема мака додека ја отребиме од камчињата и земјата во зрното, да го измелеме житото, да направиме препечен леб. Во тоа кусо време со безмерно големи усилби успеавме со рачните мелници, што уште ги чувавме, да го смелеме житото. Тулумите не чинеа - сите речиси имаа реа, некои и смрдеа, и водата во сите нив брзо се испаруваше. Сакавме да тргнеме што поскоро, затоа што и без тоа прилично доцневме, а пак колку се коректни и исполнителни турските чиновници, знаевме од сопствениот опит.

Веќе сакавме да го напуштиме Мурзук. Меѓутоа, во нашето сеќавање беа уште свежи сеќавањата за нашите погребани другари. Ние небаре бевме сраснати со ние. Не можевме да се согласиме да ја напуштиме така оваа земја, во која остануваа телесните останки на нашите умрени другари. Таа мисла не нe оставаше намира ниту за миг. Што можевме да сториме? Мнозина мислат дека затворот е место каде луѓето се поправаат. Напротив, денешниот затвор е место каде се фабрикуваат злосторници. Злосторствата не се резултат само на човечката патологија. Поскоро тие најрељефно ги оцртуваат условите на денешниот државно-општествен живот. Ние штотуку бевме ослободени. Тропкањето на оковите, свирежите од началниците на стражата, врескањата на стражарите, реата на влажните и темни затворенички одаи, тешкотиите во затворот - сето тоа уште беше стварност за нас. Ние бевме слободни, но наспроти тоа умот, инстинктот не понесуваа во друга насока: како да ја извршиме својата должност, сиреч. Како да успееме да ги земеме телата на своите умрени другари. Тие беа уште недамна закопани, уште неизгниени сосем. Санитарната власт не го допушташе тоа. Казната, предвидена со законот, беше огромна. Но спрема другарската должност секоја казна останува нема, таа е ништожна. Демневме момент, како да го извршиме тој план, и да ги земеме барем коските на своите умрени другари. Поминаа едно две недели, а оваа мисла никако не ни го напушташе умот. Огкако ги проучивме сите услови, и проценивме сe што требаше да знаеме, една вечер шестмина од нас, крајно притаено, отидовме кај гробовите. Ставивме двајца-тројца да вардат, да не нe зибележи некој, а другите, кој со раце, кој со штици, почнавме да го распретуваме песокот, да ги наоѓаме гробовите, да ги бараме телата на умрените.

Ноќта беше ведра. Месечината силно светеше. Сенките од дрвјата и застрчените голи ѕидишта на градскгите ѕидини му придаваа на местото таинствен изглед. За кусо време песокта беше префрлена настрана - се појавија труповите. Тие беа уште нераспаднати - беа цели. Реата сe повеќе се зголемуваше. Усетивме големо замелешување. Пот ни бликаше од лицата. Пауза. Пак на работа. Никако не можевме да ги понесеме телата, затоа што немавме како и каде да ги скриеме. Коските не можевме да ги прибереме, затоа што уште беа со месо. Не остануваше ништо друго, освен да ги понесеме черепите на умрените. Вчас ги извадивме ножовите, ги отсековме главите. По неколку минути пак почнавме да ги покриваме труповите со песок. Главите останаа надвор. Ги прибравме во посебни торби, и ставенн на рамиња право дома. Утредента, откако ги залеавме со јодоформ, ги ставивме во две тенеќени кутии, што херметички ги затворивме. Тие беа веќе готови, а ние спокојни.[1]


1. Авторот. г. Шатев, во својата книга не кажува ништо понатаму што сториле со главите на своите другари, откако се вратиле во својата татковина. Но од самиот него знам дека главата на Милан Арсов била предадена на неговата несреќна мајка во Велес, а главата на Бошњаков – на неговите родители во Охрид.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина