Make your own free website on Tripod.com
Спомени - Георги Илиев Папанчев

II.

Дејноста на Г. Папанчев во Македонија

Георги Илиев Папанчев дошол во Македонија заедно со капетан Тома Давидов, есента 1902 година. По нив многу подоцна (околу 20 јануари 1903 г.) тргнал и Дачо Георгиев, кој дотогаш служел како фајерверкер во Дунавскиот полк, во Русе. Него го викнал Борис Сарафов зашто имал потреба од човек искусен за правење бомби. На 24 јануари Дачо Георгнев ја минал границата кај Ќустендил заедно со четата на Сарафов. Преку Кочанско и Радовишко се упатил кон Вардар. Кај селото Владимирово, турската војска, која се наоѓала во истото село, кај што имала и касарни, ги забележала и ги нападнала. Четата, поделена на 4 вода, фатила позиција. Дачо Георгиев командувал со 4-от вод. Еден од четниците, во овчарската штала кај што спиела четата, го заборавил ранецот со 100 патрони и 2 бомби. Турците пукале во шталата од што експлодирале бомбите и патроните. На тоа Турците почнале да пукаат уште повеќе, мислејќи дека шталата е полна со четници. Но, тие ја нападнале и самата чета која била блиску. Загинале многумина од четата, меѓу кои и фелдфебелот Дачо Иванов, од градот Татарпазарџик, Иван Асенов од Сливен, Георги Корманов од Прилеп, Тома Бараков од Цариброд, Гељо Иванов од Охридско, Пано Трифонов од Разлог, Владимир Стојанов, од Заечар (Србија), Христо Иванов, од градот Карлово, Тројан Иванов од Банско. Имало и многу ранети. По ова, со долг, деветчасовен поход четата стигнала на Вардар, а на 14 февруари го преминала кај селото Неготин, кај што добро пречекана останала еден ден, иако во селото имало турска војска. Тиквешкото поле го минала за 12 часа и стигнала до планинете близу Прилеп. На 20 февруари дошла до селото Брод, кај што ги пречекала една чета од 15 души, која била на војводата Георги Папанчев. Заедно сите продолжиле кон селото Баница (Битолско). Тука имало една учителка која ја викале Катеринка Динова Осојска, која исто била вооружена; од неа Дачо Георгиев разбрал дека војводата Папанчев е од Сливен и посакал да остане со него. Тој се сетил дека во 1902 година го сретнал во Трново, со капетан Давидов. Папанчев се согласил да го задржи Дачо Георгиев кај себе, откако согласност дал и Сарафов. Во селото Врбица (Екшису) Сарафов се разделил од Папаичев и заминал во Костурско, а Дачо останал во четата на Папанчев која тогаш броела 34 души.

Натаму во ракописот се изнесуваат разни, повеќето ситни, неважни зафати на четата. Поважна средба со турска воена потера четата имала во Воденско на 27 февруари кај Чеганово, кај што по 7 - часовен бој, загубила 2 четника. На разденување четата се извлекла од заседата и тргнала да се скрие во едно блато, блиску до селата Ајтос и Љуботен (Леринско). Блатото било покриено со висока и гусга трска. По 4-часовен забрзан марш, четниците влегле во блатото, во кое газеле вода до колена, па можеле да ја скријат трагата. Биле принудени да исечат трска, да ја врзат во дебели снопови кон ги ставале под себеси. Така успеале да осганат два дена, во тешка положба, премрзнати н премалени од глад. Повеќето четници имале потечени нозе од водата, а истото му се случило и на војводата Георги Папанчев. На 2 и 3 март 1903 годнна, четата нашла засолниште во селото Врбица (Екшнсу). Тука се случало еден турски даночник (таксилдар) со двајца стражари случајно да дојдат во селото и да влезат во истата куќа во која бил Папанчев со четата. Домашните биле излезени по работа. Папанчев кого штотуку го разбудиле скокнал врз даночникот кој влегувал во собата заедно со стражарите. Бидејќи биле живи фатени, немало друго решение освен да ги погубат. Телата ги оставиле надвор од селото, на еден крстопат во баничката шума. Тоа било повод да тргнат силни потери по четата. Уследиле и многу апсења на Бугари од блиските села. Четата заради потерите била принудена на 5 март да се врати во селото Ајтос, но без да знае била забележана од ќајата на беговскиот чифлик, кој го известил мудуринот во Лерин. Ќајата видел дека војводата Папанчев бил облечен во офицерска униформа, каква што тој навистина носел и тоа го соопштил во Лерин. Папанчев одвај успеал на 7 март да се доближи до врвот Жолт Камен, на атарот ва Баница. Потерите го пристигнале од сите страни - и од Костур и од Сурович и од др. На врвот, обраснат со ситна, ниска шума, четата останала 3 дена. Третиот ден обрачот на турската војска толку се стегнал што битката не можела да се избегне. Паднале 12 души од четата и уште толку биле ранети. Последно решение за преостанатите четници било да си пробијат пат со борба на нож и со бомби. Дачо Георгиев и другар му Чакров многу успешно ја исполниле задачата како фрлачи на бомби, па Турците се збуниле и почнале да бегаат. Папанчев, цело време јуначки се борел командувајќи де легнат, де станат. На негова команда почнувало пукањето, а исто и фрлањето бомби. Ефектот од експлозиите на бомбите бил толку силен, што Турците почнале да бегаат и да отстапуваат кон селата Негован и Екшису. Тоа се случило околу 5 часот поручек. Папанчев сакал да го искористи мигот и да се упати под Баница, преку железничката линија и преку селата Забрдина, Сетена и Влашки Колиби, натаму кон планината. Штотуку станале од позицинте да пробијат пат во овој правец, а од кај помашкото село Вртолом се покажал башибозук, околу 500 души кои почнале да пукаат кон четата. Меѓу четниците се создала голема бркотница, секој пукал на своја рака, зашто од викотницата и тресокот на бомбите не се слушала командата на Папанчев. И покрај сe, четата успеала да си пробие пат и да сгаса во планината кај Екшису, каде во колибите на каракачанските браќа Фармаковци преседала од 10 до 15 март. На 15 март преку планнната Барбеш, четата дошла во селото Петеле, кај што остаиала 3 дена, а потоа се упатила кон селото Будимирци. Повторно во каракачанските „Султанови колиби" се криела. Папанчев сакал да помине во Воденскиот крај, но тоа било тешко, зашто потерите многу се засилиле. Стасало известување од Лерин дека војската се вратила назад и дека е „чисто" по селата, па четата се осмелила да влезе во селото Суич. Тука месниот раководител Стојан Ушката им кажал дека во селото се наоѓаат двајца Турци (помаци) од селото Живени - Шериф Мехмедов Токолов в Хасан Касак Бетолов, кои имале љубовници во селото, па често доаѓале. Папанчев наредил да ги фатат и да ги отепаат, а телата ги оставил на отворено. По ова четата отишла во селото Крушарци, од таму во манасгирот „Св. Никола". Во текот на ноќта на 25 март, дошла учителката Динова Осојска со татка си Дино Лазов и со братучедот Косга Попов. Тие избегале зашто мудурот од нивното село Вошарени сакал да ја земе. Папанчев не сакал да ја прими во четата и рекол да ја остават во некое планинско село, но таа не се согласила, настојувала да остане во четата и останала.

Во меѓувреме телата на двајцата Турци биле најдени и по четата тргнала силна потера. Четата откако ја преминала железничкага линија меѓу Баница и Церово, успеала да се скрие во Врбени. На 27 март во селото дошле околу 100 души турска кавалерија, со некој си паша. Во почетокот четата, мислејќи дека е откриеиа, се подготвувала за одбрана. Селаните по наредба на Турците дочнале да се собираат, а по малку време селскиот свештеник Поп Георги, го смирнл Папанчева соопштувајќи му дека пашата дошол да им каже на селаните да не ги прибираат повеќе лошите луѓе - комитите. По ова четата се упатила кон селото Ајтос, минувајќи покрај турското село Спанци, кај што имало 50 души редовна војска. Четата, изненадена, требало со очајнички напад на јуриш да си пробие пат. Од Турците паднале 22-ца, а од четата само еден, а двајца биле ранети. Потоа во Ајтос, додека четата се хранела и одморала, селото било опколено со војска која почнала да пука во куќите, па децата и жените почнале да пискаат. Немајќи време да фати позиции, четата се растурила, пукајќи бесцелно. Папанчев, гледајќи дека станува критично, се послужил со итрина: ја фрлил офицерската униформа, се облекол во селски алишта, ја зел со себе учителката Екатерина Динова, исто облечева како обична селанка и со уште една жена се упатил надвор од селото. На Турците, кои го фатиле, им рекол дека во селото се наоѓа војводата Тапанчев со сто души, во долно маало, дека на таа страна од селото има околу 30 од неговите најхрабри луѓе, кои ќе бидат причина селото да се уништи и сите селани да бидат убиени, па поради тоа бегаат, да се спасат. Турскиот офицер што го испрашувал му рекол дека војводата не се вика Тапанчев, туку Папанчев, а потоа го пуштил заедно со двете жени. Папанчев отишол во една пештера кај што имал оставено динамит и бомби, го запалил динамитот што предизвинало силен потрес. Било на стемнување, Турците се збуниле. Во меѓувреме, Дачо Георгиев, како што раскажува самиот, успеал да се провлече меѓу селските говеда кои влегувале во селото и да се спаси заедно со другите четници. Отишол во Костурско и во селото Сребрена се сретнал со Папанчев и со учителката.

Овде Папанчев се сретнал со костурскиот војвода Иван Попов и со Коте. Четата одела низ селата и околу 10 април повторно се вратила во својот, во леринскиот реон, кај што малку се беше смирило од турските потери. Но, не минало многу време, а во близина на селото Лескоец, четата била опколена од војската и башибозукот. Турските коњаници влегле во селото и се доближиле до куќите во кои биле скриени четниците. По 6-7 души во една куќа. Тие почнале да пукаат низ прозорците, паднале многу Турци. И Турците почнале да пукаат, а во куќата кај што бил Папанчев пукале со топови. Борбата траела цел ден. Но, Леко Георгиев Балкански, кој со еден дел од четата не бил во селото, успеал да собере од Баница 100 души мнлиција, која во текот на ноќта ги удрила Турците в грб и го скршила турскиот обрач. На тој начин Папанчев повторно успеал со четниците жив да се извлече. Вооружените селани од Баница, што дошле на помош, веднаш по битката се вратиле дома и ги скриле пушките.

Четата се повлекла во селото Сетена, кај што и порано често доаѓала. Тука останала 2 дена. На вториот ден, 16 апрнл, се слушнале силни топовски истрели, но не можело да се открие, каде и со кого се бијат Турците. Вечерта Папанчев дознал дека дента војводата Петар Танев(?)[1] и целата негова чета биле убиени. На 17 април, Папанчев добил писмо од Борис Сарафов со кое му наредил да тргне веднаш со 5 четници во Смилево (Битолско), каде ќе се одржел конгрес на сите војводи. Папанчев ја предал четата на Георги Чакаров и на Дачо Георгиев, а сам, на 18 вечерта, отишол во Смилево.

На 4 мај Папанчев се вратил и во Баница се сретнал со својата чета, која тогаш била засилена со уште 16 четници од четата на убиениот капетан Тома Давидов, па вкупно броеле 46 четници. Во Баница пристигнала и учителката Екатерина Динова, која привремено седела во Екшису. Четата се упатила во планината Барбеш, кај што останала до 14 мај, кога дошло известување дека Папанчев е назначен за реонски началник на Леринско, а Михаил Чеков за негов помошник. Тогаш четата се поделила на два дела - еден дел од 15 четници му бил отстапен на Леко Балкански да оди откај железничката линија. Исто толку четннци му биле доверени на Тано Георгиев за да оди кон Врбјани и по околните села. Папанчев зел 12 четннци. Дачо Георгиев и Георги Чакаларов имале задача само да прават бомби и да раководат со бомбардирањето во текот на востанието.

Од 15 до 17 мај, Папанчев се нашол во селото Попадија. Оттаму тој им јавил на војводите во Воденско - Ташко Димитров, Страти Дачев и на војводата од Був, Силјан Пардов да се најдат на 28 мај во Баница, на собирот на војводите, каде попрецизно ќе се договорат за сите работи околу востанието. На 17 мај, откако ја оставил учителката кај нејзини роднини, Папанчев тргнал со четата во Воденско, кон селото Жервени, кај што требало да земат околу 13 000 патрони за мориовските чети. На 19 мај, во селото Сетена, Папанчев се сретнал со четата аа Леко војвода, кому му ги дал патроните, а овој ги однесол во селото Брод и им ги предал на мориовските војводи - Тодор Златев, Петар Н. Железаров и дедо Кољо.

На 27 мај, четага на Папанчев влегла во Баница. Дошле сите поканети војводи. Состанокот се одржал на 28 мај, во куќата на Васил Ников, која била висока, на два спрата. На Тано војвода му било речено да биде блиску до селото, за да не ги изненадн турската војска. И покрај сe, Турците дознале дека во селото има чети. Авторот на ракописот предавството му го припишува на синот на раководителот на селото, Гелјо Лазов. Селото во текот на ноќта било опколено од 4 табори војска со два топа, кои дошле по железницата од Лерин. Во мугрите, невестата на Васил Трашков, во чија што куќа се наоѓал Папанчев, јавила дека на спротивниот рид се гледала турска војска. Брзо се разбудиле сите и се подготвиле за одлучна одбрава. Папанчев му наредил на Леко Балкански да се обиде да пробие пат откај селската црква, што тој успешно го извел. По него тргнале Папанчев и другите четници. На отворено место имало чифлик на некој паша, во кого ноќта влегле турскнте офицери и оттаму неочекувано низ прозорците на високата куќа почнале да пукаат. Прв бил погоден четникот Васил Попов - и тоа во устата и во граднте. Додека и четата пукала во прозорците на куќата паднале и Силјан Пардов, Страти Дачев и - војводата Георги Папанчев, кој смртно бил погоден во градите, во десната нога и во левата рака. Дачо Георгиев со Чакров и дедо Иљо успеале да се извлечат живи. Подоцна турските војници ги зеле убиените и ги наредиле до ѕидот на црквата, откако претходно ги масакрирале нивните тела и ги опљачкале. Спомнатиот Тано војвода, кој тогаш бил блиску, во селото Горничево, не дошол на помош, така што четата била целосно уништена. Дачо Георгиев одвај го нашол на 5 јуни Леко Балкански, кој имал 18 четници. На 10 јуни тие отишле во Баница, прво во куќата на Леко кој бил од тоа село, и жесгоко им се одмаздиле на селаните во кои се сомневале за предавството - Гелјо Лазов и Крсто Николов.

Убиени на 29 мај биле: Георги Папанчев, Васил Попов (родум од Стара Загора), Страти Дачев (родум од Котел), Силјан Тодоров (од Демирхисар), Пецо Стојанов (од селото Чеганово, Македонија), Трајко Николов (од с. Хасаново, Леринско), Христо Тоњо (од с. Врбица-Леринско), Трофан Кипријанов (од с. Брод, Битолско), Стојан Трајчев (од с. Петеле, Битолско), Талјо Филипов (од с. Будимирци, Битолско). Филип Коцев (од с. Лескоец, Леринско), Мицко Ганев (од с. Жервени, Воденско), Цветко Мицков (од с. Хасаново, Леринско), Тодор Куртев (од с. Сливница, Битолско), Христо Колев (од с. Попадија, Леринско), Иван Делчев (од гр. Чипран, Бугарија), Антон Мицков (од с. Полог, Битолско).

Сите се закопани во дворот на црквата „Св. Никола", која е на крајот од Баница. Гробиштата се под дебели брестови. Папанчев, Попов, Пардов и Дачев се закопанн во еден гроб, а 13 четници се закопани во еден долг, заеднички гроб. Дачо Георгиев со остатокот на четата го поминал целиот период на востанието, од Илинден до крајот на септември. Во октомври поминал Борис Сарафов и го вратил во Бугарија. Од првата чета на Сарафов, во која во почетокот се борел и Дачо Георгиев, живи останале само 6 души. Кога го минувале Вардар, наишле на турска заседа и тогаш загинал Димитар Дечев, јункер, на 22 октомври 1903 година. Турците му ја пресекле главата и ја однесле во Велес, а трупот му останал незакопан речиси една седмица.

Дачо Георгиев, заедно со Сарафов во Софија стасал на 1 ноември.

Љ.М.

1. Прашалникот стои во оригиналот – (Б. на р.)

Почеток | <<Назад | Содржина