Спомени - Иван Хаџи Николов

ВО СОЛУН

„Кога дојдов во Солун, ги затекнав граѓаните разделени на два лагера. Едннот лагер, партија, се состоеше од граѓани - првенци, кои имаа материјален интерес од гимназијата и пансионите во градот, од егзархиските наредби и распоредувања, и не даваше ни збор да се рече против Егзархијата. Тие беа и во општината, беа и во пансионската комисија, и тие, заедно со директорот на гимназијата, решаваа што, колку и по каква цена да се купи за пансионите, и го доставуваа: облека, чевли, провизии и др. Таму беа: Насте Стојанов (доставуваше облека), К.Г. Самарџиев (доставуваше учебници, ученички и канцелариски материјали за гимназиите и други училишта), Ничо Попев, Саздо Ризов, Т. Мацанов (тие ги доставуваа провизиите) Д. Кондев (преку него се внесуваа парите - платите за учителите во Македонија) и др. Оваа партија се наречуваше неправилно „егзархиска партија“, „егзархисти“, а минуваше уште и како партија на политиката на бугарската влада. Оттука и супсидиите од бугарската влада на К.Г. Самарџиев и С-ие. Другиот лагер - опозицијата на првиот лагер, се состоеше од граѓани - првенци, кои немаа материјален интерес и се одвратуваа од дејствијата на првиот лагер. Таму беа: Никола П. Стефанов, Дамјан Петров и синовите, Саздо Дермеџиев, Тодор X. Мишев, и др. Овој лагер ја обвинуваше „егзархиската“ партија во злоупотреба со егзархиските материјални средства, пишуваше повеќепати до Егзархијата по ова прашање, но од Егзархијата ништо не се преземаше и затоа тој ја обвинуваше и самата Егзархија дека дозволила да се вршат јавни злоупотреби со егзархиските средства“.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина