Анастас (Ташко) Д. Лозанчев

Роден е на 8 април 1870 година во Битола. Завршува гимназија во Солун и учу фотографија во Софија. Работи како учител во с.Смилево и Могила и работи има фотографски дуќан во Битола. Еден е од првите дејци на Организацијата. Станал претседател на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ и во тоа својство учествувал на Солунскиот конгрес на ВМОРО (јануари 1903), а потоа и на Окружниот смилевски конгрес (мај 1903).

На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб. По востанието продолжува со нелегална дејност до септември 1904 година, по што се преселува во Бугарија, во Софија.

Починал на 8 ноември 1945 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик