Make your own free website on Tripod.com
Андон Тошев Стојанов (Дончо Штипјанчето)

Роден е во с.Ерџелија, Штипско во 1867 година. Тој познат како Дончо Штипјанчето. Зел активно учество во револуционерната дејност од самиот почеток на основањето на ќелија на ТМОРО во Штип. Во состав на ќелијата работела тајна работилница за бомби. Во 1897 година било одлучено Дончо да пренеси бомби и муниција за Битолскиот револуционерен округ. Пред самиот влез за Битола бил откриен од турските колџии, приведен во полициска станица, и подложен на страшни измачувања. По неговата непокорливост, и во недостиг на докази, бил осуден на сто и една година тешка робија, но подоцна бил амнестиран.

По пуштањето од затвор, се вратил во Штип, а околу 1913 година со семејството се преселил во Ќустендил, Бугарија.

Умре на 15 април 1931 година во Ќустендил.

<< Претходна | Следна>> | Именик