|
Роден е во Прилеп во 1875 година. Ја завршил
Солунската егзархиска гимназија. Бил близок другар со Д.Груев,
П.Тошев и Ѓ.Петров.
Во редовите на Револуционерната организација се вклучил уште
во нејзините први години. Бил голем агитатор и организатор на
ослободителното движење. Зел учество во вооружената борба, отпрвин
како четник, а потоа и како војвода. Учествувал во Илинденското
востание. По Балканските војни се повлекол во Бугарија каде
останал и да живее. |