Атанас Тешовалијата
Роден е во 1866 година во с. Тешово, Неврокопско. Рано станал комита во четата на Дончо војвода. Во 1899 година стапил во редовите на ТМОРО. Во 1901 година бил назначен за војвода на Неврокопскиот реон.

По Илинденското востание останал во родниот крај и ја продолжил борбата против турските разбојнички банди, грчките андартски чети и разните народни предавници.

На 25 мај 1905 година, при една обиколка на својот реон, кај врвот Али-Ботуш (Пирин Планина), биле опколени од турска потера и во огорчена борба која траела цел ден загинал војводата заедно со повеќе свои четници.

<< Претходна | Следна>> | Именик