Make your own free website on Tripod.com
Блаже Крстев - Биринчето

Роден е во с. Бирино, Крушевско, во 1873 година. Рано се вклучил во редовите на ТМОРО, најнапред како основач, организатор и водач на Организацијата во селото а по убивството на крвникот Расим како четник во четата на војводата Ѓурчин Наумов. Непосредно пред Илинденското востание формирал своја месна чета со четници од неговиот крај обиколувајќи ги селата во Крушевскиот реон.

За време на Илинденското востание со својата чета се борел во Крушевскиот реон под главното раководство на П.Гули. По Востанието продолжил да дејствува како околиски војвода во Демирхисарскиот и Крушевскиот реон и така се одржал сe до 1911 година.

Загинал на 31 мај 1911 година во борба со турскиот аскер кај селото Журче, Демирхисарск

<< Претходна | Следна>> | Именик