Георги Ангелов Стојанов - Казепов

Роден е на 21 февруари 1880 година во с.Калиманци, Горноџумајско. Завршил педагошко училиште во Сер (1900 год.) и учителствувал во неколку села и Мелник. Во ВМОРО пристапува во 1900 година.

За време на Илинденското востание се бори во четата на Ј.Сандански. Во 1905 година во Мелник е избран за секретар на околиското раководство на ВМОРО. Во 1906 година формира своја чета, а на конгресот на Серскиот револуционерен округ 1907 година е вклучен во Окружниот револуционерен комитет.

Во 1909 година се наоѓал во одредот Македонци, кои учествувале во симнувањето на султанот Абдул Хамид. Една година подоцна, кога Младотурците сакале да го затворат Ј.Сандански, тој со својот одред ги спречил, опколувајќи го г.Мелник и ослободувајќи го од нивните раце.

Со своја чета учествува во Балканскоте војни.

Во 1920 година е избран за кмет на Мелник.

Бил убиен на 23 септември 1923 година во меѓусебните фракциски борби во тоа време. 

<< Претходна | Следна>> | Именик