Георги Кондолов

Роден е во с.Велика, Малотрновско, во 1858 година. Уште од детството ги напушта родителите и изучува дрводелски занает во Цариград. Во 1878 година се населува во Хасково, Бугарија,  каде отвора своја работилница, а од 1896 година и во Бургас. Еден е од основачите и раководител на „Македоно-Одринското друштво" во Бургас. Во 1897 година заедно со капетан П.Војвода и др. формираат таен револуционерен комитет. Во почетокот на 1901 година Кондолов формира своја чета која дејствува во Малотрновско и Бунархисарско.

Учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ на 28 јуни 1903 година, на „Петрова нива“, каде е избран за началник на сите востанички чети во тој реон.

На 6  август 1903 година, при атак на с.Паспалово, а предадени од гркот Аристиди, тешко е погоден војводата Кондолов, кој заповеда да биде застрелан. Тешката задача, со ждрепка, му се падна на Димитар Македончето.

<< Претходна | Следна>> | Именик