Георги Скрижовски

Роден е 1882 година во с.Скрижово, Драмско. Вистинското име му е Георги Радев Иванов. Основновното образование го завршува во родното село а педагошкото во Серез. По завршувањето извесно време работи како учител во Демирхисарско. По сугестија на Г.Делчев се вклучува во револуционерното движење. Прво влегува во четата на Д.Гоштанов а во 1902 година во четата на Ј.Сандански.

Учествува во Илинденското востание и е член на Серскиот револуционерен комитет. После востанието формира своја чета која дејствува во Разлошко. Во меѓусебните фракциски борби бил на страната на Ј.Сандански. Во Младотурската револуција учествува во одредот на Ј.Сандански.

По Балканските и Првата светска војна, како член на Привременото претставништво на ВМРО-Обединета е потписник на Апелот од 9 март 1919 година до Париската мировна конференција. По војните се повлекува и живее во Свиленград.

Убиен е на 25 февруари 1925 година од егзекутор на ВМРО.

<< Претходна | Следна>> | Именик