Христо Чемков

Роден е во Штип. Познат организатор и агитатор на револуционерното дело за ослободување на Македонија.

Дејствувал и како терорист на Организацијата, извршувајќи ги смртните пресуди против предавниците, отпадниците и народните крвници. Извесно време престојувал во Бугарија и таму се поврзал со Јордан Гавазов, со кој заедно се вратил во Македонија.

Во 1898 година во Прилеп, во една куќа, чекајќи да бидат поврзани со Прилепската околиска чета, биле предадени и опколени од турски аскер и полиција. Во нерамна борба што се водела повеќе часови, Чемков и Гавазов го убиле полицискиот началник и неколку војници. Неможејќи да го пробијат обрачот, тие извршиле саможртва.

<< Претходна | Следна>> | Именик