Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гимназија пристапил во МРО и таму раководел со револуционерен кружок По. завршувањето на гимназијата, неколку години учителствувал во Охрид.

Бил раководител и организатор на ТМОРО во Охридско и Струшко. Прогонуван од турската власт, на двапати бил затворен во Битола. Во март 1903 година излегол од затвор и раководел со подготовките на Илинденското востание во Охридско и Струшко. По задушувањето на Востанието, останал во Битолскиот револуционерен округ.

На 24 април 1905 година, од Крушево доаѓа во Кичевско, придружуван од 14 души добро вооружени четници и двајца војводи, Ванчо Србаков и Пецето за да го исполнат решението за егзекуција на 15-тина ренегати во една ноќ, но во кичевското село Цер се опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Војводата В.Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие но со еден залп на неколку чекори од куќата е погоден. За да не им паднат на Турците живи во раце, тој и неговите 13 соборци извршиле саможртва. Останало неговото познато и потресно претсмртно писмо како сведоштво за македонските херои и маченици.

<< Претходна | Следна>> | Именик