Христо Татарчев

Роден е на 16 декември 1869 год. во Ресен. Учи во Ресен, Брацигово и Пловдив. Студирал медицина во Цирих и Берлин. Дипломира како лекар во јули 1892 г. Потоа е поставен за школски лекар во Солунската машка гимназија „Св.Кирил и Методиј".

Еден е од учесниците при формирањето на ВМОРО на 23 октомври 1893 год. во Солун и е избран за прв претседател на ЦК.

Во почетокот на 1901 год., е осуден на 5 год. и е пратен на заточение во Подрум-кале. Амнестиран е на 19 август 1902 год. При крајот на 1902 год. е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.

За време на Првата светска војна д-р Хр. Татарчев учествувал како лекар. Во периодот меѓу двете светски војни се оддава на публицистика. Извесно време по војната живее во Италија. Во времето на окупацијата живее во Ресен.

По војната заминува за Бугарија од каде 1949 г. оди во Италија каде умира на 2 јануари 1952 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик