Христо Силјанов

Роден е на 24 мај 1880 година во Цариград. Татко му е од Охрид и тој рано се преселува во столицата на Османската империја каде се оженилза Гркинка. По завршувањето на основното образование во родниот град, продолжува да учи во Солун, после се префрла во Битола, каде ја завршува класичната гимназија. Кон Внатрешната организација Х Силјанов се присоединува уште како ученик во Битолската гимназија, каде наставник бил Д.Груев. Извесно време учителствува во Прилеп и во Леринско. Завршува и високо образование по историја на Софискиот универезитет, а потоа специјализира во Швајцарија. Пристапува во четата на Марко Лерински која го придружува Г.Делчев.

За време на Илинденското востание се наоѓа во Одринско во четата на Михаил Герџиков. Во 1908 година е дополнителен член на задграничното претставништво на ЦК на ВМОРО. Во спорот меѓу левото и десното течение во ослободителното движење тој ги поддржува централистичките сфаќања со тенденции на симпатии кон дејците на десницата.

Кога избувна Балканската војна (1912/13 г.) Силјанов е одново со пушка в рака и е на чело на чета на организацијата во Костурско. За време на војната е мобилизиран во бугарската армија.

Редактор е на неколку списанија. Претседател на Македонскиот научен институт.

Умира во Софија на 26 септември 1939 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик