Роден е на 10.03.1869 година во Струга. Основното образование го завршува во Струга, средното во Солунската гимназија (1888 г.) по што две години учителствува во Струга. Потоа го завршува вишото училиште – по славјанска филологија - во Софија (1893). Потоа работи како учител и директор во Скопје, уч. Испектор во Сер а потоа учител во Бугарија.
При учителствувањето доаѓа во допир со идеите на МРО и целосно им се посветува. Во Скопје го формирал првиот месен револуционерен комитет. Бил со нежно здравје (боледувал од туберколоза). Повеќе години бил член на ЦК на ВМРО, а извесно време и нејзин задграничен претставник во Софија, заедно со д-р Христо Татарчев.
Како истакнат националноослобоителен деец, бил регистриран од турската власт како таков и трипати бил затворан. Последниот пат бил испратен во злогласниот затвор Подрум-кале.
Во поилинденскиот период учествувал во фракционерските борби на ВМРО и идејно бил во т.н. десно крило. Како признат теоретичар и идеолог на револуционерното движење, оставил знаменити дела.
Психички растроен и болен, Христо Матов умрел во Софија на 10 февруари 1922 година. |