Христо Чернопеев (Черну Пеев)

Бугарин по националност, роден во јули 1868 година во с. Дерманци, Плевенско (Бугарија). Од 1889 до 1899 год. бил како подофицер во бугарската армија, и потоа се вклучува во македонско-одринското ослободително движење. Во прво време е војвода во Кукушко. По завршувањето на аферата „Мис Елен Стоун“, учествува во борбата против четите на ген. Иван Цончев.

По Илинденското востание е раководител на Струмичкиот револуционерен округ, а после Младотурската револуција, заедно со Ј.Сандански ја формираат Народната федеративна партија во Солун. Кон крајот на 1909 год. минува во нелегалност и во 1911 год. е вклучен во ЦК на обновената ВМОРО, заедно со П. Чаулев и Т.Александров. Учествува во Балканската и во Првата светска војна.

Загинува како офицер на бугарската армија на 6 ноември 1915 година, кај Криволак.

<< Претходна | Следна>> | Именик