![](images/IvanHN.jpg) |
Роден
е на 24 декември
1861 година во
Кукуш. Основното
образование
го добил во
Кукуш. Продолжил
во Пловдив
и Свиштов и
завршил високо
трговско училиште
во гр. Линц
(Австрија).
Бил учител
во Костенец,
Воден, Кукуш,
Лерин и во Солунската
гимназија. Во 1893 година
отворил книжарница
во Солун и ја
напуштил гимназијата.
Тој е еден од
основачите
на ТМОРО во
неговата куќа
на 23 октомври
1893 г. и член на
ЦК до јануари
1901 година, кога
бил затворен
со другите
членови од
ЦК и заточен
во Подрум-Кале
(Мала Азија).
По
амнестијата 1903 год. се преселува
во Софија и
се занимава
со книговодство
и трговија.
Заболен и душевно
растроен, се
самоубива
на 9 јули 1934 година.
|