![](images/IvanTBC.jpg) |
Роден е во с. Смол, Гевгелиско. Дојден во струмичката родна
интелегенција, која излезе од средината на „револуционерните
кружоци“, создавани од Делчев, Б.Чауш доби знаење и ја разбра
задачата на еден револуционер. По заповед на Окружниот комитет
убил еден лош агент на власта по име Белјал Чауш и оттогаш му
останало тоа име. Познат борец против беговско-султанската власт
и врховизмот.
На 2 јуни 1905 година, близу до селото Едрениково, Струмичко,
неговата чета од 9 души беше предадена на власта и опколена.
По целодневна борба и обидот за пробив, паднаа војводата и тројца
четници. |