|
Роден е во 1871 година во с. Лески, Неврокопско,
бивш фелдфебел во бугарската армија. По спријателувањето со Г.
Делчев и се приклучил на МРО. Неговите воени способности биле
користени за воена обука на членови на Организацијата. Во Илинденското
востание учествувал како војвода со своја чета и се прославил
во борбите за ослободување на гратчињата Невеска и Клисура.
По Првата светска војна живеел во Софија. Во 1921 година, во
Витоша, во полна мизерија, извршил самоубиство. |