Роден е во 1870 година во с. Ореовец, Велешко. На Организацијата
и пристапува во 1900 година. За време на Илинденското востание,
како војвода предводел чета и учествувал во борбите за ослободување
на Крушево.
По востанието, во 1904 година крстосувал низ Прилепско,
Крушевско, Кичевско и Велешко и насекаде го јакнел борбениот
дух на народот. Познати се неговите борби кај с. Павлешенци
(Св. Николско), кај с. Крапа (Прилепско) и кај с. Попадија и
Ореше (Велешко) против српски врховистички чети. Во тоа време
ја вршел и должноста ревизор на четите во Битолскиот округ.
На 24 август 1907 година, враќајќи со од конгресот на Битолскиот револуционерен округ, на кој е избран за ревизор на четите, со својата чета паѓа во турска заседа близу до с. Белица (Кичевско) и јуначки загинува.
|