Роден е во 1872 година во с.Негован, Лагадинско. Завршува образование на Солунската гимназија и работи како учител. Заедно со Г.Делчев го организира револуционерното движење во Лозенградско.
На Пловдискиот конгрес (1902 год.) е избран за одрински војвода и раководител на востанието во 1903 година.
Во 1905 година е делегат на Рилскиот конгрес.
Загинува на 10 ноември 1907 година кај с.Лаџекој, Дедеагачко. |