Роден е на 10 март 1881 година во Кавадарци. Завршува гимназија во Солун и бил учител во Кавадарци. Во Квадарци станува раководител на Револуционерната организација за градот и околината.
За време на Илинденското востание тој е војвода заедно со Петар Јуруков.
По востанието оди во Бугарија. Се враќа пак по амнестијата, но е затворен и по ослободувањето пак се враќа во Бугарија.
Умира на 7 декември 1951 година.
|