Make your own free website on Tripod.com
Лечо Ѓошев Попнастев

Роден е во с. Церово, Леринско. Учел во Битолската гимназија и по завршувањето станал учител во с. Апоскеп, Костурско.

Од летото 1900 година е четник кај К.Христов и М.Лерински. Секретар е во четата на Ј.Пиперката. Учествува на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ.

За време на Илинденското востание, како војвода ја водел четата на тогаш загинатиот војвода М.Лерински. Учествувал во повеќе борбени судири со турскиот аскер во селата Трсје, Буф, Неволјани, потоа кај Баница, Екши-Су, Горничево (сите во Леринско), гратчето Невеска и други.

Загинал во борбите кај селото Пиперчино, Леринско, заедно со војводата Дине Ташеминов, на 23 септември 1903 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик