Леонид Јанков

Роден е во с. Мачуково, Гевгелиско. Запален од агитацијата на учителите против турското ропство, Леонид уште на млади години влегол во редовите на Организацијата и за кратко време станал раководител на селскиот револуционерен комитет во с. Мачуково. По извесно време станал комита а потоа и десетар во четата на војводата А. Манасиев.

Учествувал во многу борби против Турците и со својата физичка сила, голема стрелачка вештина и беспримерна храброст, станал еден од најомилените и најпочитуваните народни борци во Гевгелиско.

На 31 август 1905 год. Л.Јанков со уште двајца свои другари бил предаден и опколен кај местото Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско. Во нерамната борба, која траела цел ден против многубројната турска војска, загинале двајцата другари на Леонид, од една, и 50 турски војници од другата страна. Останат сам, Леонид со претпоследниот патрон го ранил јусбашијата, а со последниот се самоубил.

<< Претходна | Следна>> | Именик