Лука Иванов

Бугарин по националност, роден е во 1867 година во Панаѓуриште, Бугарија. Завршил воено ушилиште во Софија и служел во бугарската армија како офицер. Во Македонско-одринското револуционерно движење се вклучува во 1900 година. За време на Илинденското востание учествува како војвода на чета во Воденско. После востанието учествува активно во борбата против грчката вооружена пропаганда во Воденско и Ениџевардарско.

Умира на 25 август 1906 година од раните добиени при нападите на грчките андарти во Баовските колиби, во близина на с. Зборско, Воденско.

<< Претходна | Следна>> | Именик